HomeАНТИСТРЕСШтосноШведска полицајка апси и во бикини

Шведска полицајка апси и во бикини

Микаела Келнер од шведската полиција мораше да интервенира и кога не е на службена должност, а сликата од апсењето во кое таа е само по бикини стана вистински хит на социјалните мрежи.

Келнер со пријателите се сончала во еден парк во Стокхолм, кога им се приближил маж кој лажел дека продава списанија за бездомници. Не сакал да прифати „не“ за одговор и заедно легнал со девојките на крпите. Веднаш станал сомнителен и Микаела ги предупредила пријателките да внимаваат.

Кога станал, една пријателка забележала дека и го нема мобилниот телефон. Микаела и нејзината пријателка, која исто така е полицајка го совладале крадецот, а потоа повикале колеги во „униформа“ кои го привеле осомничениот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com