HomeФЕР ПЛЕЈФудбалШвајшнштајгер се договори со нов клуб, на потег е Јунајтед!

Швајшнштајгер се договори со нов клуб, на потег е Јунајтед!

Медиумите објавија дека Германецот си пронашол нов клуб, па останува уште Јунајтед да го пушти да замине. Јунајтед сака да се ослободи од него, но ќе мора да му исплати оштета. Јувентус е клубот со кој наводно Швајнштајгер постигнал договор со кој би заработувал 4 милиони евра годишно, што е двојно помалку од она што го заработува во Англија, но би добил одредена минутажа и прилика да ја оживее кариерата.

Јувентус секако сака да го доведе без да плати за неговите услуги, што е нормално, бидејќи се свесни дека Јунајтед сака да ги спаси парите кои мора да му ги исплати на Германецот. Сега се на потег англичаните, во случај да му дозволат на Швајни да замине, ќе заштедат на неговата плата што во секој случај не е малку.

Од Италија пак не се сигурни за овој трансфер, но има и мислења дека доколку го заобиколат повредите и не игра секоја недела може да биде добро засилување. Се слушаат и коментари дека слично било и за Пирло, па на крајот тоа се покажа како еден од најдобрите трансфери на Јувентус во овој век.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com