HomeДЕНЕШНАСветШвајцарија не сака во ЕУ, официјално го повлече барањето

Швајцарија не сака во ЕУ, официјално го повлече барањето

Швајцарија официјално го извести Брисел дека ја повлекува својата апликација за членство во Европската унија, поднесена во 1992 година, пренесе ТАСС. Министерот за надворешни работи на земјата, Дидие Буркхалтер прецизира дека барањето за членство е неважечки резултат на референдум во истата година.

Одлуката за повлекување ја донесе Советот на кантоните или долниот дом на швајцарскиот парламент во јуни. Така таа се приклучи кон аналогно решение на горниот дом – Националниот совет, усвоен во март. За повлекување од барањето гласаа 27 пратеници, а против гласаа 13. Во Националниот совет во март одлуката беше донесена со 126 гласа „за“, 46 против и 18 воздржани.

За официјалното повлекување инсистираа десничарските конзервативци од Швајцарската народна партија, кои го доживуваат приближувањето со ЕУ како закана за суверенитетот на конфедерацијата. Според статистички податоци просечното ниво на приходи во Швајцарија надминува 1,3 пати во Германија и Франција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com