HomeДЕНЕШНАПолитикаШарените револуционери со порака до Жугиќ

Шарените револуционери со порака до Жугиќ

Во фокусот на денешните шарени протести се Собранието и скандалозните објави на актерката Јелена Жугиќ. Демонстрантите пристигнаа пред театарот Комедија и напишаа „Куршумите живот значат, даско една“ како одговор на нејзиниот пост на Фејсбук „Доста е! Зошто држаните институции не ги бранат општествените добра! Каде се гумените куршуми!“ од понеделникот кој предизвика лавина реакции, главно во одбрана на Шарената револуција. Демонстрантите го извикуваа нејзиното има, ја оставија пораката на асфалтот и продолжија по улицата покрај ТЦ „Рамстор“.

protest1

„Едно барање е исполнето, остануваат уште седум! Протестите продолжуваат и денес во 13 градови низ Македонија!“, најавија од протестирам на Фејсбук и објаснија „После повеќе од една година протести, преговори помеѓу партиските лидери и меѓународна медијација, стигнавме до работ. Оваа криза со преговори не се решава, затоа што со криминалци не се преговара. Оваа криза се решава само и исклучиво на улица!

Фото: Фокус

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com