HomeДЕНЕШНАПолитикаШарената револуција одбројува… уште 6 дена

Шарената револуција одбројува… уште 6 дена

Шарената револуција вечерва имаш герила акција пред Уставниот суд. Тие испратија уште едно предупредување до власта дека истекува рокот за исполнување на барањата на Шарената револуција – потврда на законитоста на СЈО и стопирање на прогонот на граѓаните што протестираат. „Остануваат уште 6 дена до 18.06“, порачаа револуционерите.
gerila 2
Шарената револуција на својата страница на Фејсбук напиша: „Упатуваме граѓански поглед на излезот од кризата. Излез од кризата не може да има ако нема правда, а правда нема да има ако нема Специјално јавно обвинителство и ако нашите соборци и понатаму се под прогон. Одбројуваме уште шест дена до 18 јуни“.
gerila sarena revolucija

фото: Ванчо Џамбаски

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com