HomeДЕНЕШНАПолитикаШарената револуција одбројува… Уште 4 дена

Шарената револуција одбројува… Уште 4 дена

Шарената револуција и денеска го потсети Уставниот суд дека рокот за нивниот ултиматум истекува. Со „четворка” испишана на платно поставено на зградата кај Триумфална капија, „шарените” порачаа дека судот има уште четири дена да се произнесе за уставноста на СЈО.

Веднаш по поставувањето на платното, дојде полиција и му напиша прекршочна пријава на активистот Павле Богоевски од здружението Портестирам.

Шарената револуција протестира и против прогонот на граѓансдките активисти кои во се поголем број се повикувани на информативни разговори и против нив се поднесуваат кривични пријави.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com