HomeДЕНЕШНАПолитикаШарената револуција го обои Град Скопје во сите бои

Шарената револуција го обои Град Скопје во сите бои

Град Скопје обоен во сите бои. Протестот, од Влада се пресели пред општината, а насобраните граѓани повторно фрлаа боја. По боењето на порта Македонија и министрество за култура, граѓаните денеска револтот го искажуваат на Град Скопје. Демонстрантите порачаа: Робија за Коце.

Нашиот репортер на терен, Александар Драгановски разговараше со граѓаните кои протестираат. Тие велат дека ќе излегуваат на протест се додека Иванов не ја повлече аболицијата и не се откажат изборите закажани за 5-ти јуни. Исто така, велат дека е можно утре да се спие пред влада. Останува да видиме дали повторно ќе се постават шатори пред владата.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com