HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосЧовекот на Марс дури за 15 години

Човекот на Марс дури за 15 години

Европската вселенска агенција истакнува чека човекот ќе може да стапне на Марс за најмалку 15 години додека не се создадат одредени технолошки услови, негирајќи ги тврдењата дека тоа може да се случи порано. Генералниот директор на Европската вселенска агенција Јан Ворнер тврди дека моментално ниту технолошката ниту финансиската состојба не дозволуваат летови на Марс.

НАСА се надева дека 2030-тите години ќе може да ги испрати своите астронаути на Марс додека бизнисменот Елон Муск, директорот на производството на електрични автомобили „Тесла Моторс“ истакнува дека плановите на таа компанија се да испратат безпилотно летало на Марс до 2018 година и на црвената планета до 2030 година да има и луѓе. Сепак, ЕСА тврди дека за да се случи такво нешто е потребно повеќе време.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com