HomeДЕНЕШНАСветЧовекот кој беше обвинет за убиство на 1.075 лица, почина една недела пред судењето

Човекот кој беше обвинет за убиство на 1.075 лица, почина една недела пред судењето

93-Годишниот поранешен чувар на логорот Аушвиц, Ернст Тремел кој бил обвинет за убиство на 1.075 лица, почина една недела пред да започне неговото судење во Германија. Тремел бил чувар во логорот од ноември 1942 до јуни 1943 година. Портпаролот на судот во западниот град Ханау, во близина на Франкфурт, изјави дека сите датуми за судење се откажани откако полицијата ја потврди смртта на 93-годишниот Тремел. Причината за смртта се уште не е позната.

Двајца други мажи и една жена во нивните 90-ти години се обвинети дека биле соучесници во убиството на стотици илјади луѓе во логорот на смртта Аушвиц во нацистички окупирана Полска. Судењето на 95-годишниот Хуберт Зафке, поранешен болничар во Аушвиц, и на 94-годишниот Рајнхолд Ханинг, поранешен чувар во логорот на смртта, веќе почнаа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com