HomeДЕНЕШНАПолитикаЧистките на списокот од граѓаните само за забавни цели

Чистките на списокот од граѓаните само за забавни цели

Очигледно е дека илјадниците пријави и откритија од страна на граѓаните за дубиозите во избирачкиот список ќе служат само за забава на социјалните мрежи доколку Државната изборна комисија не ги земе во предвид при вршење на теренската проверка која според оперативниот план ќе се врши на места однапред утврдени.
Сепак, интересно е што самите откритија на граѓаните се поклопуваат со усвоената методологија на ДИК, како на пример преголем број на гласачи на една адреса и издадени лични карти на локации кои немаат никаков правен и законски основ.

izbiracki spisok internet

Една од причините поради кои ДИК се уште не одлучи дали да ги прифати пријавите од граѓаните е постапувањето по нив, односно дали секој кој ќе пријави нерегуларности ќе треба и да поднесе соодветен доказ или пак по пријавата ќе се делува по службен пат. Досега се стигнати над 3000 пријави од страна на граѓани, а теренската проверка на избирачкиот список треба да започне во понеделник.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com