HomeДЕНЕШНАПолитикаЧетири споменици од „Скопје 2014“ под истрага на СЈО

Четири споменици од „Скопје 2014“ под истрага на СЈО

СЈО побарало четири предмети од општина Центар, дел од мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ за кој кој досега се потрошени над 600 милиони евра. Специјалното јавно обвинителство ги истражува: Воин на коњ (Александар Македонски), Воин (Филип Втори), Цар Самоил и споменикот на Методија Андонов Ченто.

Според информациите на НоваТв, истражителите на СЈО ги подигнале сите материјали и докази кои се приложени во Ревизорскиот извештај на општина Центар за Скопје 2014, кој беше изготвен по стапувањето на функцијата на градоначалникот Андреј Жерновски во мај 2013 година.

Проектот „Скопје 2014“, кој навидум започна скромно, со првично најавена инвестиција од 80 милиони евра, до денес достигна над 600 милиони евра, сума која не е конечна, а од првично најавените четириесетина споменици и објекти – градот доби над 130.

600-те милиони евра се народни пари и затоа граѓаните секој објект го идентификуваат со 40 Тамари, 20 болници, училишта и се она што беше поприоритетно да се изгради. Документите сега се во Специјалното јавно обвинителство, кое треба да испита дали сумите кои се исплатени од буџетот на државата се веродостојни и оправдани.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com