HomeДЕНЕШНАСкопјеЧетири пожари по вчерашниот земјотрес

Четири пожари по вчерашниот земјотрес

Вчера во Скопје се регистрирани четири пожари предизвикани од земјотресот. По потресот во 15.10 часот, лифтови од згради направиле проблем во две скопски населби. Два пожара се случиле во населбата Аеродром и два во населбата Чаир. Пожарите биле предизвикани од запалени електромотори на лифтовите поради краток спој што бил предизвикан од потресот. Пожарите се навремено изгаснати, а за среќа нема повредени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com