HomeДЕНЕШНАСветЧетири децении се криеле во џунглите незнаејќи дека војната е завршена!

Четири децении се криеле во џунглите незнаејќи дека војната е завршена!

Преживувајќи го страшното бомбардирање во кое починало цело нивно село, Виетнамците Хо Ван Тан и Хо Ван Ланг се криели во џунглите повеќе од 40 години убедени дека војната и понатаму трае и дека сериозно се приближуваат кон населби каде што има луѓе. Таткото и синот биле пронајдени во 2013 година, а изминатите четири години живееле во мала куќа во зафрлениот дел Тај Тра во областа Кванг Нгај.

Таткото Хо Ван Тан бил член на северновиетнамската војска, а во 1972 година неговото село било бомбардирано, при што починале неговата жена и двете деца. Тогаш одлучил заедно уште едниот син кој останал жив да побегне во шумата. Никој не ги забележал цели 41 година! Во текот на сите овие години избегнувале контакт со луѓе и живееле во многу мала колиба, правејќи потребни орудија, собирајќи храна, но и ловејќи по џунглата.

Конечно, после повеќе од четири децении во џунглата, ги забележал еден собирач и пријавил во полицијата. Потоа бил пронајден нивен подалечен роднина, кој ги убедил да се вратат во цивилизацијата, објаснувајќи и дека војната е одамна завршена. Во почетокот не можеле да се вратат, бидејќи биле убедени дека војната се уште трае, но 85-годишниот татко морал да посети доктор, што ги приморало да ја напуштат џунглата.

Vijetnamci-1

Тие се хранеле со овошје, зеленчук, мед и подготвувале месо, вклучувајќи слепи глувци, птици, жаби, гуштери, мајмуни, змии и риби. Наредните три години ги поминале во село, навикнувајќи се на цивилизацијата. Дури пред некое време за нив се слушнало надвор од Виетнам, а Алваро Керезо, директор на туристичка кампања од Хонкконг, го убедил синот да одведе екипа и да им покаже како се живее.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com