HomeДЕНЕШНАРепубликаЧетири години од крвавиот Велики четврток, сеќавање на убиените кај Смилковско

Четири години од крвавиот Велики четврток, сеќавање на убиените кај Смилковско

Денеска навршуваат четири години од петкратното убиство кај Смилковци кое ја потресе македонската јавност, пред се, затоа што убиството беше направено на големиот христијански празник, Велики четврток.

На 12 април 2012, е извршено убиство на петмина лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје. Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.

ubistvo smilskovsko

Момчињата пристигнале на езерото околу 15 часот, а нивните тела биле откриени облиени со крв вечерта во 22:30 часот од други рибари, кои веднаш ја повикале полицијата. На истото место, подалеку од четирите тела, биле пронајдени телото и автомобилот на Борче Стефковски, кој бил убиен затоа што го видел убиството.

Во образложението на МВР се наведува дека обвинетите планирано и внимателно го одбрале токму Смилковското Езеро како локација за егзекуција, затоа што таму постојано има луѓе и е локација од која може лесно да се избега. Времето, исто така, било прецизно избрано, околу 19 часот, кога се стемнува и кога видливоста е послаба.

sudenje smilkovsko

Судскиот процес за случајот „Монструм“ започна на 20 декември 2012 година. Се одржаа 46 рочишта на кои беа сослушани 30 сведоци и 10 вештаци. Пресудата беше изречена на 30 јуни 2014 година. За масакрот, на доживотен затвор за кривично дело тероризам беа осудени Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. Еден осомничен, Сејди Рама, беше ослободен од обвинението бидејќи судот не пронашол цврсти докази за негова инволвираност. Се уште се чека на екстрадиција од Косово на првообвинетите Африм Демири и Агим Исмаиловиќ од страна на косовските власти.

Skoplje,13.04.2012 - Petero ljudi ubijeno je kraj jezera u blizini Skoplja

Убиствата предизвикаа протести од страна на граѓани на населбата Радишани, од каде потекнуваат четирите убиени момчиња, а по изрекувањето на пресудата беа организирани и помасовни демонстрации кои резултираа со десетици повредени полицајци.

protest smilkovsko 1

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com