HomeДЕНЕШНАСветЧетворица убиени при престрелка пред полициската управа во Алмати

Четворица убиени при престрелка пред полициската управа во Алмати

Четири лица се убиени утрово при вооружен напад врз управата на полицијата во центарот на казахстанскиот град Алмати, соопшти Министертсвото за внатрешни работи на Казахстан.

Како што јави ТАСС, тројца од жртвите при инцидентот, што се случил во 11 часот по локално време (7 часот по средноевропско време), се полицајци, додека четвртиот е цивил.

Во соопштението се наведува дека инцидентот започнал кога еден осомничен криминалец нападнал и убил полицаец што стражарел пред полициската управа и му ја одзел автоматската пушка, по што се дал во бегство, крадејќи возило од пред зградата.

Полицијата се впуштила во потера по него, по што тој отворил оган кон полицајците, убивајќи уште двајца од нив и еден случаен минувач цивил.

Полицајците при престрелката го раниле напаѓачот и успеале да го уапсат. При акцијата се ранети и двајца полицајци.

Напаѓачот е идентификуван како 27-годишен маж, кој е осомничен дека изминатиов викенд убил една жена.

Во првичните извештаи за инцидентот во Алмати се јавуваше за неколкумина напаѓачи, но сега Министертсвото прецизира дека имало само еден напаѓач.

Претходно, руските медиуми јавија дека мажот најверојатно е припадник на „нетрадиционално верско учење“.

Очевидци на настанот за западни медиуми изјавија дека виделе маж со автоматска пушка како бега од реонот на полициската управа. Други пак на социјалните мрежи објавија дека маж облечен во црно отворил оган врз група полицијаци, по што побегнал.

– Штотуку дојде до престрелка меѓу полицијата и непознати напаѓачи. Еден полицаец лежи во автомобил целиот облеан во крв, а двајца други лежат на улицата – објави очевидец на Фејсбук.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com