HomeДЕНЕШНАПолитикаЧетворица нови обвинители во тимот на Аневски

Четворица нови обвинители во тимот на Аневски

Актуелниот претседател на Советот на јавни обвинители и нови четири члена денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Петар Аневски беше избран од подрачјето на Вишото јавно обвинителство – Битола. Од подрачјето на Вишото јавно обвинителство – Гостивар беше избрана Деса Пауновска, а Коле Штерјев доаѓа од Вишото јавно обвинителство – Скопје. Одлуката за избор на Арбер Исаку ја донесоа пратениците на Собранието на Република Македонија.

Мандатот на членовите на Советот трае четири години со право на уште еден избор. На избраните членови им мирува функцијата јавен обвинител додека им трае мандатот во Советот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com