HomeФЕР ПЛЕЈРакометЧервар: „Тимот е приоретен, потоа следува поединецот“

Червар: „Тимот е приоретен, потоа следува поединецот“

Вчера беше официјализиран како нова замена за Ивица Обрван, а денеска го имаше своето прво обраќање кон медиумите како нов тренер на македонската ракометна репрезентација.

Хрватскиот стратег Лино Червар го презема тренерското кормило по оние турбулентни денови во Гдањск каде репрезентацијата не успеа да се квалификува за Олимпијадата во Рио, но актуелниот тренер на Металург е повеќе од подготвен за новите предизвици кои го очекуваат.


Сакам сега кога е најтешко со моја помош, заедно со РФМ, со соработниците, со сите оние во чие срце е ракометот да ја продолжиме македонската ракометна приказна и на следните големи натпреварувања кои се пред нас, како СП во Франција во 2017 и ЕП во Хрватска 2018. Паралелно со тие цели мораме заеднички да работиме на понатамошно развивање на македонскиот ракомет. Да играш за репрезентација за својата татковина претставува најголем спортски успех и признание пред сите можни клупски успеси, изјави Червар.


Стратегот додаде и дека ќе бара дисциплина од страна на репрезентативците, кои ќе треба целосно да се стават во служна на националната селекција. Појасни дека вратите за сите играчи се отворени, но кога ќе се дојде во репрезентацијата, прв приоритет е таа, а потоа и поединецот. Инаку, Червар нема да биде само предводник на сениорскиот тим туку координатор и на сите младински репрезентации.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com