HomeДЕНЕШНАСветЧелси Клинтон против Иванка Трамп – Ќерките влегоа во изборната трка

Челси Клинтон против Иванка Трамп – Ќерките влегоа во изборната трка

Во политичката борба меѓу претседателските кандидати се вмешаа и нивните ќерки кои се спротиставија кој има подобри планови за еднакви плати на мажите и жените и универзални работнички права.

Иванка посочи дека нејзиниот татко секогаш им давал шанса на жените во неговата мултимилионска компанија што не е случај во целата држава каде мајките се најмногу обесправени, заработувајќи речиси двојно помалку од своите колеги.

chelsea-vs-ivanka

Челси, ќерката на Хилари Клинтон, пак и возврати на Иванка дека Доналд Трамп воопшто нема никаква програма која би го решила овој проблем и дека Републиканската партија не дозволува законски измени кои би вовеле еднаквост и заштите на мајките на работните позиции.

Дуелот меѓу Трамп и Клинтон само што започна откако и двајцата ги прифатија номинациите за претседател на своите партии, а изборите ќе се одржат во ноември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com