HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЧелси и Давид Луиз- Се уште не е готово!

Челси и Давид Луиз- Се уште не е готово!

Фудбалскиот клуб Челси во последниот ден од летниот трансфер период преговара со Парис Сен Жермен околу трансфер на Давид Луиз, бидејќи управите не можат да се договорат околу цената за фудбалерот, пренесува „Sky Sport“. Челси понудил 30 милиони фунти за Луиз, но ПСЖ, пред две години плати му 50 милиони фунти токму на Челси за неговите
услуги сега не сака да загуби 20 милиони на трансфер.

david-luiz-chelsea_3146661

Новиот тренер на Челси Антонио Конте сака да го врати 29-годишниот Бразилец на „Стемфорд Брич“ бидејќи нема да има ништо од трансферите на Ромањоли и Кулибали. „Sky Italia“ пренесе дека Милан одбил понуда за Ромањоли од Челси вредна 30 милиони фунти, а исто така истиот овој извор пренсе дека Кулибали нема да премине во редовите на Челси.

Челси во јануари 2011 година го донесе Луиз од Бенфика во трансфер вреден 21 милиони фунти. Луиз за период од три сезони поминати во лондонскиот клуб одигра вкупно 143 натпревари за „плавите“ во сите натпреварување и притоа успеа да постигне и 12 погодоци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com