HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЧелси влезе во трката, кој ќе го добие Германецот?

Челси влезе во трката, кој ќе го добие Германецот?

Антонио Конте е свесен дека мора да ја засили последната линија во тимот. Како што пренесуваат медиумите, Челси влегол во трката за потпис на дефанзивецот на Валенсија Шкордан Мустафи. Наводно, Челси бил подготвен да плати околу 25 милиони евра за фудбалерот кој се наоѓа на мета на Арсенал и Милан.

Мустафи пристигна во Валенсија пред две сезони од Сампдорија за осум милиони евра, а во текот на претходните две сезони беше еден од најдобрите дефанзивци во Примера. Конте моментално на располагање има само двајца дефанзивци Тери и Кејхил, додека Курт Зума и понатаму е надвор од терените поради повреда.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com