HomeДЕНЕШНАПолитикаЧауш даде исказ: Со закани, ќотек и милион евра барале да го намести Заев

Чауш даде исказ: Со закани, ќотек и милион евра барале да го намести Заев

Захир Бекири – Чауш првообвинет во случајот „фабрика за афери“ денеска во својот исказ пред судот рече дека актуелниот директор на УБК и неколку негови соработници во зградата на Јавното обвинителство на РМ му нуделе договор за да признае дека снимките од т.н. „бомби“ ги добил од Зоран Заев и од Зоран Верушевски.

Милион евра е сумата која му била понудена. Кога одбил соработка, како што вели, му се заканиле со бетонска инекција и со затвор за целото семејство. Откако Бекири одбил да се договори со луѓето од УБК во зградата на ЈО го претепале, а дури потоа го однеле пред јавен обвинител да даде исказ за целиот случај.

Чауш наброја и цела листа имиња на луѓе кои му се му се јавувале во затворот и му вршеле притисок. Ги спомена заменик министрите за правда и за труд и социјална политика, но рече и дека бил на линија и со бизнисмени и градоначалници кои му ѕвонеле за да се проверат дали ги има во снимките.

Чауш во денешната изјавата нагласи дека доказите кој ги има државата му се подметнати и дека тој не сторил ништо од тоа што е наведено во обвинителниот акт. Исто така нагласи дека ирански разузнавач кој живее во Струмица му нудел милион евра за да се сретне со актуелниот полициски врв за да склучи спогодба. Обвинетиот од судот побара да му се суди правично бидејќи ниту еден доказ не докажува дека тој имал било каква улога во фалсификувањето лични карти.
На денешното рочиште судот го сослуша и неговиот брат Имер, второобвинет во случајот кој рече дека не печател лични карти и дека наводите во обвинението не се точни.

Претходно во судницата се создаде тензија откако двајца полицајци во цивилна облека, без дозвола се обидоа тајно да снимаат. Судијката нареди да ги избришат снимките.

Завршните зборови и пресудата се закажани за 31 овој месец.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com