HomeРЕФЛЕКТОРФилмЧарли Шин осомничен за планирање убиство

Чарли Шин осомничен за планирање убиство

Холивудскиот актер Чарли Шин повторно ги тресе медиумите, овој пат причината е претерсот на неговата куќа од страна на полицијата во Лос Анџелес.

Потпарол на полицијата соопшти дека во рамки на истрагата е издадена и наредба за претрес на домот на Шин, но не прецизираше која е причината за тоа. Сепак, дел од американските медиуми јавуваат  дека истрагата е поради тврдењата дека Шин се заканувал дека ќе ја убие поранешната свршеница Скотин Рос. Списанието „Вараети“ напиша дека наводно постоеле аудио снимки каде се слуша како Шин се заканува дека ќе најми убиец за да ја лиши од живот Рос. Во записот Шин признава дека ја лажел својата партнерка за својата серопозитивност. Ѕвездата од серијата „Два и пол мажи“, минатиот ноември призна јавно дека е носител на вирусот ХИВ.

Се чини дека актерот станува попознат по своите скандали одколку филмови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com