HomeДЕНЕШНАПолитикаЧавков: Владата бара правни механизми за да даде поддршка на барањата од Турција

Чавков: Владата бара правни механизми за да даде поддршка на барањата од Турција

Владата бара начин како да ги исполни барањата на Турција за затворање на фирми и на училишта поради нивната наводна поврзаност со Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за обидот за пуч минатиот месец.

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека се бараат правни механизми за да се даде поддршка на легитимно избраните институции во Турција.

– Ние даваме силна поддршка на легитимно избраните институции во Република Турција, а прашањето што вие го упатувате, претпоставува соодветна операционализација и веројатно ќе се бараат правни и законски механизми во Република Македонија за реализирање на определени цели. Тоа значи дека се бараат правни механизми како да дадеме поддршка на владината политика на Турција – изјави Чавков.

На списокот што го објави агенцијата „Анадолија“ се наоѓаат училиштата „Јахја Кемал“, весникот „Заман“, како и неколку организации и фондации за кои турските власти тврдат дека се поврзани со Фетулах Ѓулен.

– „Јахја Кемал“ е македонски бренд, се занимава само со наука, а не со политика. Ги отфрламе сите шпекулации дека сме поврзани со некаква организација – изјави директорот за односи со јавноста на „Јахја Кемал“, Суреа Таук.

Тој посочува дека „Јахја Кемал“ има пет сопственици од Турција кои се занимаваат само со образование, еден од Германија и еден од Македонија.

– За жал, во незгодно време се појавија шпекулациите, ние на нашата фејсбук-страница и на веб-порталот им гарантиравме на учениците и на родителите дека сме подготвени успешно да ја почнеме учебната година. Учениците и родители вчера беа видно вознемирени, но ние им кажавме дека нема простор за страв и за паника. Имавме инспекциски надзор во седум области од образованието и го поминавме со највисока можна оценка – 4.00. Тоа е доволен доказ за нашата професионалност и посветеност во образовниот процес – вели Таук.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com