HomeДЕНЕШНАПолитикаЧавков: Безбедносните сили се спремни да одговорат на терористички напади

Чавков: Безбедносните сили се спремни да одговорат на терористички напади

Министерот за внатрешни работи посочи дека постојат реални закани за можни терористички напади на територија на Република Македонија, безбедносните служби се спремни да одговарат на сите закани, но најдобрата одбрана е превентивата, односно изградената мрежа на соработка со партнерските служби и размената на клучни информации.

– Има реални можности за евентуален терористички напад, за тоа не треба посебна експертиза, едноставно треба да се водиме од индикаторите кои постојат. Ние досега сме покажале високи професионални капацитети во справување со терористички-насилни групи и ефективно сме се справиле со нив, нагласи Чавков, по денешната промоција на 24-те нови возила донација за Граничната полиција од меѓународната организација за миграции.

Чавков посочи дека веќе се водат повеќе случаи против екстремисти, како поранешни борци во боиштата во Сирија, а државата покажала и капацитет со сите досегашни случаи на тероризам или насилен екстремизам.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com