HomeГИГА БАЈТПЦЦукерберг продаде голем дел од акциите на Facebook

Цукерберг продаде голем дел од акциите на Facebook

Основачот на Facebook, Марк Цукерберг првпат направи голема продажба на акции за да финансира филантропска иницијатива на неговото семејство, пишува Bloomberg. Продажба на повеќе од 760 000 акции на Facebook е во вредност од 95 милиони долари. Цената на акција варира од 122,85 до 124,31 долари.

Ова ќе биде првата од многуте продажби во планот на Цукерберг да финансира решенија на проблемите во областа на здравството, науката и образованието. По раѓањето на неговата ќерка Максима, Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан ветија дека ќе донираат 99% акциите на компанијата. Во тоа време тие се проценуваа на околу 45 милијарди долари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com