HomeРЕФЛЕКТОРФилмЦртан филм за виршли кој не е наменет за помлади од 18 години

Цртан филм за виршли кој не е наменет за помлади од 18 години

Новиот филм на компанијата „Sony pictures“ ги руши сите табу теми и поставува нови граници кога е бизнисот со кино-салите во прашање. „Sausage Party“ е прв анимиран филм во историјата кој ќе биде на програмата на светските кино-сали, а кој никако не е наменет за гледачи помлади од 18 години, најавува дистрибутерот CON филм.

Станува збор за валкана авантура во која главните ликови постојано пцуваат и не им е гајле што другите имаат да кажат за тоа. Гласовите на виршли, пецива, патлиџани, краставици, крофни, во оваа анимирана комедија за полнолетни ги позајмија Сет Роџен, Џона Хил, Кристен Виг, Мајкл Кера, Џејмс Франко, Дани Макбрејд, Салма Хаек, Бил Хедер, Пол Рад, Едвард Нортон и други.

Sausage-Party-f2

Главен лик е Френк, виршла која сонува дека еден дек ќе биде купена и дека конечно ќе го напушти супермаркетот за да замине во светот надвор од продавницата, но бидеќи по грешка ќе заврши во друг пакет, Френк се впушта во епско патување од едниот крај на супермаркетот до друг, дознавајќи застрашувачки вистини за светот надвор од овој маркет.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com