HomeДЕНЕШНАРепубликаЦрн Дрим повторно ќе добие дрвен мост?

Црн Дрим повторно ќе добие дрвен мост?

На местото на стариот дрвен мост на реката Дрим, кој повеќе децении беше препознатлив симбол на Струга, ќе биде изграден нов, исто така од дрво. Овој проект долго го најавуваа градските власти во Струга, кои информираат дека е воспотавен контакт со фабриката специјализирана за изработка граѓа која ќе биде употребенa за повторна изградба на дрвениот мост на Црн Дрим.
stariot drven most
Стариот дрвен мост во Струга од безбедносни причини беше демонтиран во 2011 година. Тогашната локална самоуправа најави дека на негово место ќе се гради нов, модерен мост од бетон и челик. Беше промовирано и идејното решение но и покрај бомбастичните најави изградбата на новиот мост никогаш не започна. Сегашната локална самоуправа го напушти тој проект и одлучи повторно да го изгради дрвениот мост на реката Дрим. Покрај ова, според најавите, етапно ќе бидат реконструирани сите постоечки мостови на реката Дрим во Струга.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com