HomeГОВОРНИЦАСтавЦрна медиумска некрофилија

Црна медиумска некрофилија

Затворот очигледно е најдоброто место кое може да понуди конечна правда, но и одмазда, особено за најголемите монструми кои газеле низ балканските земји и тоа сервирана од самите затвореници. Ваквиот примитивен дискурс доаѓа по секое грозоморно убиство или силување на дете, а неодамнешниот случај од соседна Србија каде 3 годишно девојче е киднапирано, брутално силувано и накрај убиено само ја запали оваа вечна црна медиумска некрофилија.

mediumi crna hronika

Медиумите како во еден глас самозадолувачки фрштат со наслови – Затвореници во Србија се дигнаа на бунт, дајте ни го монструмот ние ќе го колеме. Како конечната колективна казна за овие луди поединци и изроди може да дојде само од затворениците кои небаре имаат свој морален кодекс.

Тука и никој не се прашува зошто тие луѓе и се нашле во затвор, сигурно не за премногу добрина, праведност и чесност. Но, балканскиот затвор го има рецептот за силувачи на деца и убивјци на жени, таму само правдата чека зад аголот или поточно зад тушот чекајќи да „падне“ сапунот за се загнат за казната која читателите не можат да спијат, а да не ја добијат.

Тоа што сигурно може да очекуваме во наредните 30 дена е серија на наслови и тоа на дневна основа кои постојано ќе не потсетуваат за нечија голема трагедија не така далеку од нас, жртвите ќе се персонализираат, ќе добијат цело име како убиената српска пејачка Јелена, тинејџерката Тамара, а сега и малечката Ангелина .

Создавањето на читателска секта одлично ќе придонесе во растот на кликови и импресии, а вие можеби ќе се утешите дека монструмот ѕверски ќе биде силуван во затвор.

Автор: Христијан Станоевиќ

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com