HomeДЕНЕШНАРепубликаЦрквата ќе формира солидарен фонд за помош на настраданото население

Црквата ќе формира солидарен фонд за помош на настраданото население

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) донесе одлука да формира солидарен фонд, во кој со свои финансии ќе учествува свештенството на Црквата, храмовите, манастирите и епархиските центри. Овие средства ќе бидат соодветно распределени на настраданите во поплавите.
Одлуката е донесена на денешниот координативен состанок што се одржал во просториите на Архиепископијата.

На состанокот било одлучено и црковната кујна при храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, покрај секојдневното подготвување оброци за сиромашните и социјално ранливите категории, да подготвува и оброци за настраданите, кои ќе бидат дистрибуирани во текот на денот.

Од МПЦ ги повикуваат граѓаните и компаниите, согласно можностите, да донираат продукти за готвење во црковната кујна при храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.

МПЦ информира дека ја разгледале состојбата во поплавените делови на Град Скопје и низ Република Македонија, како и извештајот од нивните досегашни активности на терен преку дистрибуција на храна, хигиенски средства, облека и друг вид помош.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com