HomeДЕНЕШНАПолитикаЦивил: Ќе се бркаат од работа тие што нема да дојдат на контра-протест

Цивил: Ќе се бркаат од работа тие што нема да дојдат на контра-протест


Цивил известува дека за денешниот собир на ГДОМ се ангажирани партиски штабови на ВМРО-ДПМНЕ кои вршат силни притосоци врз членството кое мора да отпатува во Скопје. Пристигнуваат пораки и анонимни пријави од голем број на вработени во јавната администрација дека ако не дојдат на протестот ќе им бидат прекинат договорите за работа.
13020041_10206112033988469_1387118396_n
Директорот на болницата во Гевгелија, Сретко Јованов продолжува со своите партиски задолженија. Во 14:30 ги свикал на разговор волонтерите, оние вработени со договор на дело, но и оние кои добиле решенија ‘благодарение на партијата’, да ги извести да се подготват за контра-протестот денес. Разговорот и насоките се одвивале за време на работното време во една од просториите на болницата додека пациентите надвор чекале. За присуството немало дискусија, се подразбирало дека е ЗАДОЛЖИТЕЛНО. Тргнувањето е денес околу 16 часот со автобуси од пред Спортската сала во Гевгелија”, стои во извештајот од терен, кој пристигна од набљудувачот на ЦИВИЛ. Информациите се добиени од вработена, присутна на разговорот, која сака да остане анонимна, се вели во извештајот на Цивил.
2016-04-20 23.28.28
Притисоци има во речиси сите градови низ Македонија, а обезбеден е и автобуски превоз. Од ГДОМ потенцираат дека не знаат за никакви притисоци и закани врз членството, бидејќи голем дел од нив се симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и доброволно доаѓаат на нивните собири.
12986768_1318228608192929_1817297294_o
Претходно на социјалните мрежи се рашири #ПријавиПритисок на кој граѓаните може анонимно да пријавуваат било какви закани за излегување на протести.

Извор: civil.org.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com