HomeДЕНЕШНАРепубликаЦивил со апел до граѓаните да се пријавуваат злоупотреби при изборниот процес

Цивил со апел до граѓаните да се пријавуваат злоупотреби при изборниот процес

Центар за слобода го поздравува исходот од преговорите меѓу лидерите на четирите најголеми партии и исполнувањето на условите на политичкиот договор од 20 јули. Истиот момент кога беше објавено постигнувањето на договорот за одржување предвремени парламентарни избори на 11 декември, Цивил и официјално ги активира сите капацитети за долгорочен изборен мониторинг.

Цивил предупредува дека исполнувањето на условите од политичкиот договор за надминување на политичката криза имаат повеќе формална природа, отколку суштинска.

„Факт е дека суштински реформи не се спроведуваат, а на теренот и во медиумите беснее валкана политичка кампања. Злоупотребите, притисоците и политичката корупција не стивнуваат. Република Македонија е исправена пред сериозни предизвици во претстојниот период. Цивил апелира до сите граѓанки и граѓани да се вклучат во напорите земјата да излезе од оваа долгогодишна криза и да го одбранат своето гласачко право. Секој вид на политичка корупција, притисок, закана, злоупотреба или каков и да е облик на кршење на човековите права и слободи треба да се пријави“, се наведува во соопштението на Цивил.

Извор: plusinfo.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com