HomeАНТИСТРЕСХуманостЦеца, Чолиќ, Северина… ќе донираат за поплавените од Македонија

Цеца, Чолиќ, Северина… ќе донираат за поплавените од Македонија

Екс-ју ѕвездите самите изразиле желба средствата од летните концерти низ Македонија да ги донираат за поплавените, велат за 24 Вести од План Б продукција, која е надлежна за нивните гостувања. Некои од нив за помош на настраданите ќе одржат и посебни концерти, тврдат од продукцијата.

Ваквиот расплет доаѓа непосредно по граѓанската иницијатива на социјалните мрежи, општините да ги откажат концертите и парите да ги донираат на најпогодените.

Од Македонска Каменица Каде на 28 август треба да настапува Цеца, велат дека нејзиниот хонорар е деловна тајна. Ден порано во Берово треба да настапи Северина, додека на септемвриската штипска Пастрмајлијада ќе гостуваат Здравко Чолиќ и Рибља чорба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com