HomeАНТИСТРЕСШтосноЦел ден шетала гола, а никој не ја забележал

Цел ден шетала гола, а никој не ја забележал

Со цел да се избори со недостатокот на самодоверба Џули се решила да спроведе мал експеримент и цел ден да шета гола низ градот со нацртана облека на себе. Она што било зачудувачки, е дека многу малку луѓе забележале дека девојката, освен гаќите, немала ни тронка облека на себе. И покрај тоа што делувало дека таа носи тенка бела маичка и плави фармерки, Џули била само офарбана.

„Во текот на детството немав проблеми со своето тело. Меѓутоа, во училиштето започнаа приказни околу целулитот и изгледот“, вели Џули, објаснувајќи дека поради тоа се одлучила на овој чекор. „Во ова влегов многу исплашена, но чувствувам дека го победив секој страв кој го имав. Да излезеш надвор само со боја на себе е слично како кога имаш несигурност за нешто. Се чувствувате голо со сите тие лоши работи кои никој друг не ги гледа“, објаснува Џули.

Според нејзините зборови, луѓето често премногу размислуваат и не сакат да направат многу работи плашејќи што ќе кажат другите за тоа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com