HomeДЕНЕШНАЕкономијаЦелосни бесплатни разговори меѓу операторите во Вип заедницата

Целосни бесплатни разговори меѓу операторите во Вип заедницата

Телекомуникацискиот оператор оне.Вип објави дека од денес корисниците на поранешните брендови Вип, Оне и Близу, стануваат една голема заедница под брендот Вип. По спојувањето во октомври 2015 година, кога беше формирана компанијата оне.Вип и по припојувањето на Близу кон оне.Вип минатата недела, компанијата денес објави повеќе новини и придобивки за корисниците. Почнувајќи од денес, Вип станува навистина конвергентен бренд, преку кој на корисниците им се нуди широка лепеза на квалитетни комуникациски услуги по најоптимални пазарни цени, најдобро корисничко искуство на сите кориснички места, исполнувајќи го ветувањето Повеќе за вас.

Најголемата придобивка за корисниците кои се дел од големата Вип заедница е тоа што од денес сите минути кои корисниците ги имаат во своите тарифи за разговори во рамки на мрежата ќе можат да ги користат за разговори кон многу поголема заедница. Бесплатните разговори кои до сега корисниците на мобилните мрежи ги користеа во рамки на само Вип или ОНЕ мобилните тарифи, сега ќе можат да ги користат во рамки на големата Вип заедница од над 1,1 милион мобилни корисници. Во рамки на фиксните мрежи пак, бесплатните фиксни минути можат да се користат кон сите корисници на ОНЕ, Вип или Близу тарифните модели. При тоа, корисниците нема потреба да ја променуваат својата СИМ картичка, тие ги добиваат овие поволности со нивните постојни договори и тарифи.

– Денес ги обединуваме нашите брендови и нашите корисници, денес сите сме Вип и кога зборуваме бесплатно, зборуваме со многу повеќе корисници од големата Вип заедница. Ги прошируваме придобивките на нашите корисници, ги обединуваме нашите места за контакт со корисниците и го унифицираме искуството на сите наши корисници и грижата за нив на наjвисоко ниво. Вип сега им нуди многу повеќе на своите корисници и за македонскиот пазар во целина. Наскоро корисниците може да очекуваат уште повеќе понуди и нови услуги од Вип, изјави Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип.

Исто така, од денес за корисниците е достапно и ново единствено тарифно портфолио во мобилната телефонија. Од денес за сите нови корисници и оние кои сакаат да го обноват својот договор достапни се 4 нови Vip Mobile тарифи S,M, L и XL, кои соодветствуваат на побарувањата на корисниците. Така, за корисниците кои имаат потреба од зголемен податочен сообраќај во рамки на Vip mobile L и XL, покрај неограничениот број минути и СМС пораки кон сите мрежи, во рамки на месечната претплата од 749 денари, односно 1299 денари, вклучени се и 3GB, односно 6GB брз 4Г интернет, соодветно на пакетот. За корисниците, се достапни и Vip Mobile S, каде за месечна претплата од 449 денари, корисниците добиваат неограничени разговори кон големата Вип заедница од над 1,1 милион корисници, вклучени минути кон сите мрежи и 4Г интернет и  Vip Mobile М со месечна претплата од 549 денари со повеќе минути кон сите мрежи и 4Г интернет. Во сите тарифни модели има вклучено 4Г ЛТЕ сообраќај, по завршувањето на вклучениот интернет корисниците можат да продолжат да користат 4Г ЛТЕ по цена од 39 денари за 200 MB. Деталите за новите тарифи се дадени во табелата подолу:

Со тоа што сите корисници се во рамки на Вип заедница, од сега ќе имаат поедноставна и полесна комуникација преку единствен број на контакт центарот 077 1234 и преку една веб страница за сите кориснички потреби и информации www.vip.mk . Сите корисници ќе можат да ги добијат сите услуги во мобилна, фиксна телефонија, како и конвергентната понуда во сите продажни места – Вип продажни места, а сите припејд корисници ќе можат да ги надополнат нивните сметки на сите места означени со Вип. Сметките исто така ќе бидат означени со Вип.

– Ни претставува огромно задоволство што денес го редефинираме нашиот бренд Вип и силно го поддржуваме исполнувањето на стратегијата за конвергенција на Телеком Австрија Групацијата на македонскиот пазар. Ветивме дека ќе донесеме повеќе вредност и повеќе придобивки за корисниците во Македонија и ги исполнуваме нашите ветувања. Денес го продолжуваме она што го започнавме на крајот на минатата година и убедени сме дека нашите следни активности и инвестиции ќе им донесат повеќе на нашите корисници – повеќе услуги, најдобро корисничко искуство, мрежи со најдобар квалитет, најдобра понуда и многу повеќе. Нашите тимови работат напорно за да им го овозможат најдоброто на корисниците и ќе продолжиме со истото темпо. – изјави Јиржи Дворјанчански, Главен извршен директор на Кластерот Хрватска и Македонија на Телеком Австрија Групацијата.

Оваа интеграција на комерцијално ниво е подготвена во исклучително кус рок, при што голем тим на експерти работеше напорно за да ги соедини сите системи на страна на операторот и да овозможи непрекинато корисничко искуство. Паралелно на ова, оне.Вип работи на изградба на нова мобилна мрежа и до сега се завршени регионите на Скопје, Крива Паланка, Куманово, Кратово, Охрид и Струга. Во моментот се работи регионот на Повардарието, а до крајот на годината сите урбани делови на Македонија ќе добијат нова мобилна мрежа. Новата мобилна мрежа на сите корисници на Вип ќе им обезбеди значително поголем капацитет за  користење на 3G технологијата, покриеност на целата територија на земјата и достапност на 4G LTE низ цела Македонија и сето тоа за да обезбеди најдобро корисничко искуство и да ги обезбеди најновите светски технолошки достигнувања во мобилниот сегмент. Истовремено, компанијата е фокусирана и кон целосна модернизација и проширување на фиксната мрежна инфраструктура, со цел создавање на конвергентен оператор со можност да понуди најдобри конвергентни сервиси. Новата кабловска HFC технологија на Вип ќе понуди 2,5 пати поголеми брзини, со до 300 Mbp/s и се очекува до крајот на годината да биде достапна за најголемиот дел од домаќинствата каде Вип има кабелска покриеност во Македонија. Овие инфраструктурни проекти се комплексни и по однос на временска рамка и по однос на инвестиции, при што само во првиот квартал за 2016 година компанијата има инвестирано над 6,4 милиони Евра.

Компанијата планира да го зголемува својот инвестициски капацитет и понатаму оваа година и до крајот на 2016 година да инвестира повеќе од 30 милиони евра со цел да обезбеди најквалитетни мрежи за корисниците во Македонија.

Компанијата најави дека во блиска иднина Вип ќе подготви уште повеќе посебни понуди и придобивка за сите корисници.

За сите информации за сите Вип услуги корисниците може да ја посетат веб страницата www.vip.mk или да се јават на 077 1234.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com