HomeДЕНЕШНАСкопјеЦелодневна донаторска забава во „Излет“ – солидарност за казнетите „револуционери“

Целодневна донаторска забава во „Излет“ – солидарност за казнетите „револуционери“

Донаторската акција за собирање средства за казните на шарените револуционери во кафулето Излет трае до 1 часот по полноќ. Полицијата има поднесено кривични пријави против 33 демонстранти, 26 во Битола и 7 во Скопје. Осомничени се дека со боја и тврди предмети ги оштетиле фасадите на зградата на општина Битола, Порта Македонија во Скопје и зградата на Министерството за култура во скопско Дебар Маало.

Денеска симболично можете да донирате за казните со кои се соочуват демонстрантите, а на целодневната забава музика пушта познатиот DJ Гоце Саф. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и потпретседателката на партијата, Радмила Шеќеринска.
zaev-donira
Организаторите ги повикуваат граѓаните да помогнат во споделување на финансискиот товар со кој, како што велат, режимот сака да ги потисне. Денеска во Скопје нема да се одржи протест, а ќе се протестира во Струмица, Радовиш, Валандово, Охрид и во Прилеп.

Фото:СакамДаКажам

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com