HomeДЕНЕШНАСкопјеХуманитарна помош опасна по живот: Жена од Стајковци испила детергент мислејќи дека е сок

Хуманитарна помош опасна по живот: Жена од Стајковци испила детергент мислејќи дека е сок

Жена од Стајковци на возраст од 36 години завршила на Токсикологија откако испила детергент по грешка наместо сок од шише кое било во пакетите доставувани како хуманитарна помош.


„Шишето било на маса и таа жедна помислила дека внатре е сок, затоа што шишето беше исто како од „Газоза“. И веднаш свика, леле ова е отров не е сок. Веднаш и дадовме да пие вода, ги викнав и комиите на помош, тие викнаа лекари и ја однесоа во болница, инаку ќе беше многу лошо“, изјави свекрвата на затруената Рада Стојановска.


Полицијата увидела дека на шишето со ситни букви пишувалео дека во него се наоѓа детергент за чистење. Рада е задржана на лекување иако е надвор од животна опасност. Освен дијареа и поблаги алергиски реакции,  нема други пријавени случаи на сериозни инфективни болести.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com