HomeДЕНЕШНАРепубликаХуманитарен концерт во Охрид за настраданите од невремето

Хуманитарен концерт во Охрид за настраданите од невремето

Вечерва ( четврток) со почеток во 20:00 на градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт за настраданите во поплавите. Иницијатор на концертот е пејачката Елена Велевска која несебично ја поддржаа дел од колегите и со заеднички сили вечерва сакаат да соберат средства за настрадните во поплавите.

„Со овој концерт сакам да ги поттикнам и другите градови да организираат концерти и хуманитарни акции за да се соберат што повеќе донации. Веќе бев во Стајковци и ситуацијата е ужасна, сакам што побрзо луѓето да се избават од тој пекол и да се вратат на своите нормални животи. Ве поканувам вечерва сите кои што сте во Охрид да дојдете на градскиот плоштад во 20:00 и заедно да донираме. Секоја помош е добредојдена“, изјави Велевска.

На концертот ќе настапат: Наум Петрески, Зуица Лазова, Ристе Ристевски, Анастасија Петреска, Ѓоко Таневски, Петар Нечовски, Анета Наковска и многу други. Нивниот број постојано се зголемува.

Освен концертот, во Охрид може да се донираат најпотребните средства секојдневно од 10:00 до 18:00 на пунктот кој е поставен на градскиот плоштад веднаш спроти кафулињата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com