HomeАНТИСТРЕСШтосноХрват продава проколната кукла: Навечер шепоти и не можеме да спиеме од неа

Хрват продава проколната кукла: Навечер шепоти и не можеме да спиеме од неа

На огласите во Хрватска се појави и една необична понуда, а тоа е продажбата на „проколната“ кукла. Човекот што ја огласил вели дека не го остава да спие и ја продава за 13 евра.

-Продавам кукла стара околу 100 години, а можеби и постара, беспрекорно сочувана, без никакви оштетувања, со оригинална облека. Наводно е многу вредна, но не сакам да ја имам повеќе во своја близина – пишува на огласот.

„Целосно е незапалива, во што и неколку пати се имам уверено. Веќе два пати ја подарив, но ми ја враќаа бидејќи луѓето се плашеа да бидат во нејзина близина. Се обидов да ја фрлам во контејнер, но потоа кога се враќав ја наоѓав на фотелја како никогаш да не била фрлена.

Еднаш повикавме поп да ја благослови, но му се слоши веднаш штом ја попрска со света вода и почна да се моли, па веднаш излезе од куќата и веќе никогаш не ни се јави. Сето ова ни е многу стресно, па затоа одлучив да ја продадам за симболична цена.

Ја чував во подрумот, бидејќи кучињата лаат по неа и не можеме да спиеме. Таа понекогаш шепоти или испушта звуци, не сакам да биде во мојата близина“, изјавува Хрватот во огласот, со назнака: „Предност имаат купувачите надвор од Хрватска или далеку од Самобор и Загреб.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com