HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаХрватска и Чешка обезбедија полуфинале во олимписките квалификации

Хрватска и Чешка обезбедија полуфинале во олимписките квалификации

Репрезентациите на Хрватска и на Чешка се пласираа во полуфиналето на квалификациските кошаркарски турнири за пополнување на местата на Олимпијадата во Рио.

На турнирот во Торино, Хрватите во директен дуел за второто место беа убедливи против Тунис совладувајќи го со 72:52. Хрватска како второ пласирана во Б групата за противник во полуфиналето ќе ја има Грција, додека вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат домаќинот Италија и селекцијата на Мексико.

Во Белград, Чесите ја победија репрезентацијата Јапонија 87:71, па во полуфиналето за противник ќе ја имаат домашната репрезентација на Србија, додека во вториот полуфинален меч ќе играат Летонија и Порторико.

Останува да се одиграа и натпреварите од последното 3.коло на турнирот во Манила, по што ќе бидат комплетирани полуфиналните двојки. Таму е сигурно дека Канада како прво пласирана во А групата за противник ќе го има поразениот од денешниот дуел меѓу Франција и Нов Зеланд, додека победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе игра против подобриот од мечот Турција – Сенегал, кој исто така се игра денеска.

Полуфиналните натпревари во Торино и Белград ќе се играат утре, а финалињата во сабота, додека во Манила победникот ќе биде решен в недела, по што ќе бидат познати последните три учеснички кои ќе играат на олимпискиот турнир во Рио.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com