HomeАНТИСТРЕСГурманХрана која одлично оди со пиво: Домашен чипс од кашкавал

Храна која одлично оди со пиво: Домашен чипс од кашкавал

За љубителите на пиво кои воедно сакаат и нешто да грицнат, ова е одличен предлог кои совшено ќе се вклопи со вкусот на пивото. За подготовка ви се потребни само 10 минути.

Состојки:

Пармезан или кашкавал по желба, рендан

Лук во прав

Свеж босилек, ситно исечкан

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 190 степени. Обложете го плехот за печење со хартија.

2. Ставете по една лажица кашкавал, па распоредете го во мал круг, наросувајќи на него лук во прав и сечкан босилек.

3. Печете 5-8 минути или додека рабовите не станат златно-жолти. Изведете ги од рерна, оставете да се оладат, мацнете во сос и уживајте во вкусот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com