HomeДЕНЕШНАПолитикаХојт Брајан Ји доаѓа во Скопје, мисијата непозната

Хојт Брајан Ји доаѓа во Скопје, мисијата непозната

Хојт Брајан Ји, заменик помошник на Државниот секретар на САД, утре ќе пристигне во Скопје во екот на политичката криза и неотстапувањето од предвремените избори кои засега се главна причина за судир меѓу партиите. Агендата на Ји засега не е позната, ниту пак точно е прецизирано какви ставови ќе пренесе во име на Стејт департментот на САД.

Досега Ји даваше поддршка за реализација на пржинскиот договор зад кој стои и американската амбасада, но најновиот развој на политичката криза може да доведе до предлог на нови решенија и можеби одложување на изборите додека не се спроведат предвидените реформи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com