HomeАНТИСТРЕСХороскопХороскоп: Еве што ве очекува оваа работна недела

Хороскоп: Еве што ве очекува оваа работна недела

Овен
Прекрасно се чуствувате, задоволни сте, а причината е индивидуална. Некои претставници очекуваат деловна експанзија, некои се во нов интересен проект, а пак некои започнуваат со бизнис. Бидејќи периодот е поволен, препуштете се на ваш својствен начин. Ведрината во вас ви дава сила целосно да се посветите на работата, но и задоволството со кое оди бидејќи и финансиите ќе ви се подобрат. Мала нервоза е нормална состојба, бидејќи почесто сте под стрес било тоа да е работен или пак семеен. Ќе бидете во форма и за сите видови интелектуални активности. Искористете го периодот за учење.

Бик
Мислењето на другите неделава многу ќе делува врз вас. Можеби ќе се нервирате и ќе се карате поради плеткањето на другите во вашиот живот, но подобро е да се смирите и убаво размислете кого ќе го слушате, а кого ќе го игнорирате. Не обрнувајте внимание на ситните озборувања и подметнувања на работното место, бидејќи ги има доста, дури и оние кои ве сакаат и ви мислат само добро. Имате доста тешкотии и ќе морате да се откажите од нешто, но внимавајте од што. Вашата потреба за акција може да ви донесе и здраствени пречки.

Близнаци
Ќе помислите дека ништо не ви оди од рака. Односите со околината ви се лоши, а нема да се сложувате ниту со претпоставените ниту со колегите на работа. Ќе биде нагласен отпорот и ограничувањата. Ве советуваме да се воздржите, бидејќи во вашите настојувања нема да бидете многу успешни. Иницијативата во врска со некоја важна работа препуштете му ја на личност која е одговорна за нејзино извршување. Некои од вас ќе имаат неочекувана прилика да заработат повеќе.

Рак
Нервите ви се при крај и со некој свој непромислен потег или дрскост можете да привлечете внимание кај другите. Потрудете се да го намалите отпорот од околината, со ароганција само се зголемува. Време е да завртите нов лист и да го напуштите сето тоа што ве оптеретувало веќе подолго време. Ќе се чуствувате подготвени да тргнете понатаму што ќе ви донесе подобрување во вашата психичка состојба. Подгответе се за нови и возбудливи настани кои ќе ги има доста. Немојте да барате помош од страна бидејќи таа може да биде недобронамерна или некритична.

Лав
Работите не можат да чекаат. Доколку нешто сте пропуштиле неделава тоа мора да го надополните. Ќе бидете во некоја занесеност, а тоа ќе ви биде и главна мотивација за сите ваши активности. Меѓутоа во овој период ќе морате со повеќе внимание да му се посветите на професионалните барања. Многу е важно со кој влегувате во работа. Одбирајте ги деловните партнери и соработници. Занимавањето со креативна работа и правилното користење на енергијата ќе ви донесе конкретни резултати. Ве очекуваат финансиски потешкотии кои успешно ќе ги разрешите.

Девица
Неделава би било добро да се држите само на сигурните деловни патеки и проверените контакти. Не бидете премногу сигурни во новите пријателства и не се доверувајте секому. Некои од вас ќе се впуштат во нови деловни авантури и експерименти, но ве советуваме да бидете претпазливи во секој момент. Ќе ви се овозможи прилика за кратка осаменост, но не претерувајте во тоа. Ќе наидете на препреки во работењето доколку се занимавате со инателектуална работа. Бидете внимателни во вложувањето во ризични ситуации, бидејќи можете да дојдете до финансиски загуби.

Вага
Премногу се оптроварувате со работи кои во овој момент не ви се достапни. Тоа кај вас предизвикува нервоза. Со тоа не само што можете да ги пореметите односите во средината во која живееете и работите, туки и себе си да си предизвикате здравствени проблеми. Паметно испланирајте ги и реализирајте ги вашите деловни акции. Совладајте ја нервозата и ќе ја спречите главоболката. Не се двоумете туку веднаш изберете некој од колегите кој може да ви помогне и разработете ја работата по етали. Само на таков начин очекувајте дека ќе имате успех. Поставувате свои услови и брзо ќе забележите дека и другите ги прифаќаат.

Скорпија
Ве очекуваат доста новини во полето на работата, особено оние кои се занимаваат со интелектуална работа. На ова поле најдобро ќе ги извршувате работните задачи, највероватно поради добрата интуицијата и концентрацијата која неделава ќе доминира кај вас. Доколку работата ви е поврзана со повеќе луѓе, контактитете ќе ве измачуваат. Не влегувјте во непотребни расправии. Гледајте си ја вашата работа. Финансиската состојба и покрај сите очекувања, останува иста.

Стрелец
Внимавајте да не ја трошите енергијата на непотребни работи. Не делувајте многу емотивно на евентуалните закаснувања или препреки и не размислувајте за неважни работи кои се надвор од доменот на вашата работа. Ќе ви бидат нагласени духовните особини. Ќе барате друштво на луѓе со кои делите политички или религиозни ставови, уметнички или образовни интереси. Ќе имате доволно време и да се посветите на секојдневните активности. Ако планирате да започнете нов проект, не двоумете се, ве очекува успех и поддршка од соработниците.

Јарец
Чуствувате минлива напнатост, но сепак ќе бидете мирни, а расположението ви се враќа. Дозволете си себе си повеќе време, негувајте го својот изглед. На некои од вас ќе му се исполни некоја стара желба. Односите на работното место не се онакви какви што посакувате, но треба да знаете дека не треба постојано да се наметнуавте со своите ставови. На финансиски план нема да дојде до некои поголеми промени, но внимавајте некоја непромислена одлука од ваша страна да не предизвика непланирани трошоци.

Водолија
Надворешните прилики ќе бидат завртени против вас. Иако проблемите воглавно ќе бидат обијективни, од деловна природа, вашата приватна сфера ќе трпи. Искористете го моментот бидејќи само со одлучна акција ќе го решите порблемот. Доколку ги вербализирате и тактизирате работите, би можеле да пропуштите одлична прилика. Растргнати сте помеѓу желбите и можностите. Не ви е лесно, но ќе мора да бидете трпеливи. Ќе успеете да го реализирате тоа што сте го наумиле, бидејќи не се откажувате така лесно.

Риби
Ќе бидете почуствителни од обично. Односите со околината ви се отежнати. Премногу сте горди за да прозборите за вашите проблеми и не сакате да се соочите со работниот неуспех. Сепак секоја ситуација делува корисно. Ослободете се од погрешни навики и прифатете ги зборовите од другите како добар патоказ за понатаму. Премногу темпераментно делувате во ситуациите за кои вашата околина или сакана личност има поинакво гледање и решение. Кај некои Риби постои можност за јавно промовирање. Би било добро вашето внимание да го свртите кон нешто кртеативно, популарноста на тоа поле би била поголема.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com