HomeДЕНЕШНАСветХорор во болница во Багдад, 11 бебиња го загубиле животот

Хорор во болница во Багдад, 11 бебиња го загубиле животот

Во пожар кој се случил во болница во Багдад 11 бебиња кои штотоку биле родени го загубиле животот, соопшти портпаролот на Ирачкото Министерство за здравје. Портпаролот Ахмед ал Руадини потврдил дека пожарот се случил ноќта меѓу вторникот и средата во болницата Јармоук која се наоѓа во западниот дел на Багдад.

Тој истакна дека најверојатната причина за овој пожар било лошата струјна инсталација во болницата. Останатите детали околу оваа несреќа се уште не се познати.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com