HomeДЕНЕШНАПолитикаХорори во воспитно-поправниот дом во Тетово

Хорори во воспитно-поправниот дом во Тетово

Народниот правобранител откри хорор услови за штитениците од воспитно-поправниот дом во Тетово меѓу кои има и голем број на малолетници. Досега се случиле повеќе силување, се шират заразни болести, а имаат и очајни хигиенски услови принудени да уринираат во пластични шишиња навечер.

vaska bajramovska np

“По 22 часот просториите во кои се сместени штитениците се заклучуваат и за евентуална физиолошка и друга потреба тие користат ѕвоно, кое е поврзано со просторијата на дежурниот. Меѓутоа, децата изјавија дека многу често дежурниот навреме не се одзива на повикот, поради што се принудени да уринираат во пластични шишиња кај што спијат и да ги чуваат до утредента“, рече заменикот Народен правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа. Истовремено тие се пожалиле и дека зимно време смееле да се бањаат само еднаш неделно, а лете, иако објектот има сончеви колектори, дозволено им е двапати да се избањаат. Немаат врати на вецињата, ни завеси во бањата, па според Бајрамовска-Мустафа, ни приватност ни интимност при вршење нужда и капење.

Во затворот за малолетници во Охрид каде е привремено сместена установата нема здравствена заштита, а на голем дел им се дава дијазепамска терапија, никој не е осигуран и нема никакви услови за ресоцијализација, па затоа Народниот правобранител бара и кривична одговорност од раководството и надлежните институции.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com