HomeРЕФЛЕКТОРФилмХоливуд е преполн со педофили, тврди еден од најпознатите холивудски звезди

Холивуд е преполн со педофили, тврди еден од најпознатите холивудски звезди

Илајџа Вуд, еден од најпознатите холивудски звезди, кој се прослави со улогата на Хобитот Фродо од „Господарот на прстените“, тврди дека Холивуд е легло на педофили и дека и тој самиот можел да биде жртва доколку не го заштитела неговата мајка.

За „Тајмс оф Лондон“ направил една споредба меѓу злоупотребувањето на кое се подложени децата во шоу бизнисот и британскиот скандал поврзан со покојниот водител на детски емисии на Би-Би-Си, Џими Севил.

– Се е организирано. Има многу змии во оваа индустрија, луѓе на кои единствено важен им е личниот интерес, вели Илајџа.

Тој додава дека не одел на такви забави, бидејќи неговата мајка не дозволувала и сакала тој да биде израснат како добар човек отколку да има добра кариера по секоја цена.

Холивудскиот актер верува дека и денес холивудските деца трпат злоупотребување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com