HomeФЕР ПЛЕЈФудбалХоланѓанец решение за одбраната на Челси?!

Холанѓанец решение за одбраната на Челси?!

Откако доби „корпа“ од Наполи, Антонио Конте се сврте кон многу поефтина опција. Стефан Де Вриј после одличниот мундијал во Бразил беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед, секако поради Луј Ван Гал, но „Ѓаволите“ никогаш не испратија официјална понуда за неговите услуги. Наместо тоа тој заврши во Лацио, одигра одлична прва сезона, но пота се повреди.

Заработи сериозна повреда на коленото, долго се лечеше, помалку остана заборавен, но се појави Челси. Имено, „Сините“ го посакуваа Кулибали од Наполи, но Де Лаурентис за Сенегалецот бараше нешто повеќе од 50 милиони евра. Од тоа нема да има ништо, Де Вриј е многу поефтина опција, имено, се верува дека сум од околу 18 милиони евра со дополнителни бонуси би била доволна за да се убеди Лотита.

Навивачите на Челси очекуваа некое позвучно засилување кога е во прашање последната линија во тимот, но сите мети како на пример Бонучи или Манолас, се нависитина невозможна мисија во овој момент.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com