HomeРЕФЛЕКТОРХоландските психијатри: Ван Гог најверојатно боледувал од психоза

Холандските психијатри: Ван Гог најверојатно боледувал од психоза

Познатиот холандски сликар Винсент ван Гог најверојатно боледувал од манијакално-депресивна психоза која заедно со одредени други фактори влијаела на тоа уметникот да си го одсече ушето и да изврши самоубиство на 37-годишна возраст, изјави научникот од музејот „Ван Гог“ во Амстердам.

„Дојдовме до заклучок дека е невозможно да се дојде до конечна дијагноза за неговата болест“, изјави Луис ван Тилборг кој два дена водеше семинар на експерти за болеста на уметникот, меѓу кои имаше и психијатри. Експертите се обидуваа да пронајдат објаснување на основа на досегашните сознанија од психијатријата за психотичните кризи на уметникот кои довеле до негово самоубиство на 27 јули 1980 година во близина на Париз.

Ван Гог си го отсекол увото после кавга со уметникот Ван Гоген во декември 1888 година. После тој настан неговите кризи стана се почести. Според зборовите на научниците, Ван Гог после тој инцидент продолжил да слика, но со се поголем страв дека ќе има уште некоја психотична епизода. Неговата состојба дополнитолно се влошила поради тоа што конзумирал алкохол, посебно апсинт.

„Веројатно комбинацијата на сите тие фактори довела до негово самоубиство“, изјави научникот Ван Тилборг.

an-gog

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com