HomeДЕНЕШНАСветХоландскиот парламент ја отфрли иницијативата за референдум за излез од Унијата

Холандскиот парламент ја отфрли иницијативата за референдум за излез од Унијата

Холандскиот парламент вчера со големо мнозинство ја отфрли иницијативата за одржување на референдум за членството на Холандија во Европската унија. Само 14 од 75 пратеници го поддржаа предлогот на Феерт Вилдерс, челникот на десничарската Партија за слобода.

Вилдер ја повикува владата да одржи референдум за „Nexit“ што е поскоро можно, но референдумот за членството на Холандија во Европската унија не е можен според сегашните закони.

Според конечните резултати од британскиот референдум на 23-ти јуни, Британците со 51 наспроти 48 отсто се одлучија да ја напуштат Унијата. Веднаш потоа започнаа иницијативите и петициите од евроскептиците ширум Европската унија, како во Холандија, Франција, Словачка, Финска.., со кои се повикува на референдуми во нивните земји што ги зголемува стравувањата за иднината на европското единство.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com