HomeРЕФЛЕКТОРМузикаХитот „A Head Full of Dreams“ од „Колдплеј“ доби видео-презентација!

Хитот „A Head Full of Dreams“ од „Колдплеј“ доби видео-презентација!

Токму кога обожавателите посакуваа да добијат нешто ново од „Колдплеј“, тие ги почастија со спот за насловната песна од албумот „A Head Full of Dreams“. Видео-клипот за песната „A Head Full of Dreams“, по која и целиот албум го носи името, е снимен во Мексико. Ова е четврти сингл од седмиот студиски албум кој беше објавен кон крајот на минатата година. Се работи за последниот албум на „Колдплеј“, бидејќи се очекува наскоро овој бенд да одржи подолга пауза.

Режијата на новиот спот ја потпишува Маркус Ханеј, кој го режираше и спотот за една од нивните претходни песни „Birds“. Покрај овие две песни, од албумот се издвоија и најавниот сингл „Adventure of a Lifetime“, како и дуетот со Бијонсе „Hymn For the Weekend“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com