HomeДЕНЕШНАСветХилари Клинтон избра искусен кандидат за потпретседател

Хилари Клинтон избра искусен кандидат за потпретседател

Хилари Клинтон, која практично ја обезбеди номинацијата на Демократската партија за претседател на САД, го избра сенаторот од Вирџинија, Тим Кејн за кандидат за потпретседателската функција.

Таа на Твитер објави дека го избрала Кејн „човекот, кој го посветил животот на борба за другите“.

Предвидено е Клинтон и Кејн денеска да учествуваат на предизборниот митинг во Мајами.

Кејн (58) се смета за искусен политичар, чија цела кариера е поврзана со Вирџинија. Тој е еден од 20 лица во американската историја кој бил градоначалник, гувернер и сенатор. Кејн завршил право на Харвард, зборува шпански јазик, а неговата сопруга е секретар за образование на државата Вирџинија. Има три деца.

Кандидатите на демократите за претседателските избори официјално ќе бидат утврдени на конгрес во Филаделфија следната недела.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com